Биткоинот со рекордна вредност – надмина 12 000 долари

За последните 24 часа биткоинот поскапе со 4,7%, надминувајќи го за прв пат во историјата прагот од 12 000 долари. Во денешната трговија на електронска платформа „Coinmarketcap“ курсот на криптовалутата достигна 12 032 долари.

Претходно денеска биткоинот се тргуваше за 11 850 долари, што во моментот исто беше рекорд. Криптовалутата придодаде 2 проценти кон вредноста на луксембуршката платформа Битстамп (Bitstamp), информира Ројтерс.

Вчера биткоинот се врати под прагот од 11 000 долари, откако во неделата го достигна историскиот максимум од 11 800 долари во однос под 1000 долари во почетокот на годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *