Бизарен лек против корона во Делчевско: Протни се под корен од дрво ВИДЕО

Делчево, 04.03.2021 година – Како што пренесува регионалната Телевизија Стар, во Делчево е пронајден бизарен лек против коронавирусот. Прочитајте го прилогот во целост:

Седумдесетгодишен маж од делчевско поставил патоказ на патот меѓу Делчево и Штип за луѓето полесно да дојдат до лекот против коронавирусот.

Тој вели дека сонувал дека лекот е човек да се протне под корен од дрво од орев. И, решил сонот да го претвори во реалност, па ископал процеп меѓу корените од две млади дрва орев во близина на реката Брегалница.

Делчевецот вели дека и лекари доаѓале да го испробаат неговиот лек. Сепак, истакнува, ако дојдат вакцините ќе се вакцинира, затоа што освен во сонови, верува и во медицината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *