Бидете внимателни: Секој четврти возач заспива зад воланот

Во текот на летото, луѓето спијат во просек два часа помалку отколку во другите сезони. А за возачите ненаспаноста е особено голем проблем, уште повеќе, кога сега е сезона на одмори, кога се патува најмногу. Соодветно, 5-6 часа спиење ги зголемуваат барем за 2 пати шансите за сообраќајна несреќа поради заспивање зад воланот.

Истражување на Фондот за безбедност во сообраќајот при Американската асоцијација на автомобилските возачи докажува дека колку помалку спие еден возач, толку поголема е веројатноста тој да предизвика инцидент на патот. Експертите утврдиле дека со спиење од 4 часа, ризикот за несреќа се зголемува 11,5 пати.

Истражување на компанијата Ford од друга страна покажува дека секој четврти возач барем еднаш во својот живот заспал зад воланот. При тоа, 3,8% од испитаниците признаваат дека поради таа причина предизвикале сообраќајна несреќа, а 24% изјавиле дека им е добро познато чувството за поспаност, но знаат начини како да се борат со него.

Главните методи кои се користат се кафето, чајот или енергетски пијалоци. Други 23% од испитаниците се борат со поспаноста со зголемување на гласноста на музиката во автомобилот, 7% од возачите прават вежби на свеж воздух, а 6,7% се потпираат на џвакање мастика или парче лимон. Интересно е дека само 30% од возачите кои учествувале во анкетата, се подготвени да запрат некаде и да дремнат макар половина час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *