Беровските и кочанските автобуски превозници ги намалуваат линиите. Дивите возачи им ги краделе патниците

 

Беровските и кочанските автобуски превозници ги намалуваат линиите. Дивите возачи им ги краделе патниците. Од некогашните 12 и повеќе автобуски линии, овие два града сега ќе се сведат на најмногу три.

Ова денес го истакнаа од Асоцијацијата на превозници Исток, од каде истакнаа дека автобускиот превоз пропаѓа, а државата од тоа годишно губи околу 600. милиони денари:

  • Според Асоцијацијата, до пред три години капацитетот на автобус со 50-ина седушта бил исполнет со 65 проценти, сега состојбата е алармантна и со легитимните превозници се превезуваат само 30 до 40 проценти од патниците. На нелегалната конкуренција не можат да одговорат ниту со понов возен парк, поради ограничивањата за увоз само на автобуси со еуро 4, чија набавка ги чини над 40.000 евра, изјави  Горан Трпковски, претседател на Асоцијацијата „Исток“.

 

Оваа состојба во континуитет лошо се одразува  на превозниците и на државата, па од Асоцијацијата бараат надлежните институции да преземат мерки за сузбивање на нелегалниот автобуски превоз со автомобили и комбиња.

Според нив, ситуацијата ескалирала, откако Уставниот суд ја укина мерката со која на дивите превозници им се одземаа возилата.

И покрај тоа, во законот со повеќе акти има можност за решавање на проблемот, односно привремено одземање на возилото во траење од 30 дена и да се изрече мерка согласно прекршокот што го направил превозникот кој не поседува ниту основна лиценца, ниту е регистриран за претежна дејност и со други работи за да биде легитиме превозник.

Во „Исток“ членуваат 90 проценти од 150 автобуски превозници кои вкупно вработуваат меѓу 700 и 1.000 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *