Берово: Снаа од Полска во глад и болка полека умира во село Русиново

  • Тешко ми е, сакам да си одам за Полска, одвај рече Јустина Мадевска.

Солзи и очај и молба испратена на лош македонски испраќа  45-годишната Јустина, Пољакиња,мажена за Славе Мадевски од беровско Русиново. Нема македонско државјанство, нема документи за престој во Македонија  и нема право ни на здравствено ни за социјално осигурување, но има болест која не е дијагностицирана и која  со месеци ја врзала в кревет. Сиромаштијата не им го дава „раскошот“ за медицински испитување и лекување на Јустина.

  • Нема ни здравстена книшка, ни пари, ништо. И апчиња и земав и за нив не сум платил. Едни апчиња и давам за смирување и едни за шеќер, толку, кажа Славе Мадевски, сопруг на Јустина.

Јустина и Славе се 10 години во брак, живееле од сензонска работа во Грција. Но, болеста на Јустина ги остави без ништо, па овие сопружници преживуваат од ден за ден. Поддршката и прегратката од Славе, за Јустина не се доволни

  • Нема веќе ни што да јадеме за запишував за леб.. Ако ни дадат социјална помош ќе ја однесам на лекар, ќе ја негувам додека да оздрави. После ќе работиме, не ми треба помош, рече Мадевски.

Славе бил по сите институции, но одговорот од секаде е ист, Јустина нема документи, за да ги користи привлегии од здравстевно и социјално осигурување. Матичниот лекар на Славе и дал само симптоматска терапија.

  • И требаат документи од Полска, а ниту може физички да оди ниту имаме пари , кажа Славе .

Скромната куќичка во беровското село Русиново  ја крие во себе траорната приказна  за младата жена –фантом за системот. Дали ќе ја препознаат хуманите?

 

Машка жена во Пробиштип сама му го даде џуапот на крадец со пиштол. Во дуќанот, вооружен и со намера да и го земе она за кое таа работела цел ден, крадецот влегол со првиот мрак.

На продавачката пиштолот и го вперил во лице и од неа побарал да му ги даде сите пари од касата. Наместо тоа, добил жесток отпор, одбранбен став и непоколеблива жена која немала намера да отстапи ниту пред крадецот ниту пред оружјето.

Исплашен од нејзиното викање и од можноста соседите да ја слушнат, крадецот со празни раце побегнал од дуќанот. По ова жената повикала и полиција:

  • По преземените мерки од страна на полициски службеници и извршено е препознавање.  Лицето  е приведено и задржано во ПС Пробиштип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, кажа  Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Напаѓачот бил маж на 27- годишна возраст кој веќе имал дебело полициско досие поврзано со слични дела. Затворска казна за слични разбојништва одлежал неодамна, но очигледно дека карактерот и намерите не ги сменил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *