Бензините поевтини за 7,5 денари, дизелот за шест

Рекордно намалување на цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ. Бензините со одлука на Регулаторната комисија ќе се намалат за седум и пол денари, а дизелот за шест денари за литар.

Рекордното намалување на цените на горивата е резултат на драстичниот пад на цената на суровата нафта на светските берзи поради новонастаната ситуација со коронавирусот.

Тоа значи дека од утре ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 54,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 56,50 ден/лит.  Дизелот ќе чини  48,50 ден/лит.

Паѓа цената и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на мазутот и тие ќе изнесуваат 37,50 ден/лит. односно 21,934 ден/кг.

Регулаторната комисија за енергетика, според него, ќе работи со дежурства и сите контакти со граѓаните ќе се одвиваат по електронски пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *