Бензема нема да игра на Светското првенство

Нов удар за француската фудбалска репрезентација, Карим Бензема поради повреда отпаѓа од составот за Светското фудбалско првенство во Катар.

Izvor: 24fudbal.mk/СП 2022

Француската фудбалска федерација потврди дека Карим Бензема ја обновил повредата и по направените снимки е заклучено дека тој нема да може да настапи на СП.

Повредата бара рехабилитација од три недели, поради што Бензема и дефинитивно отпадна од составот.

„Во мојот живот никогаш не сум се предавал… но вечерва морам да мислам за тимот како и секогаш што сум правел, го отстапувам моето место на некој кој може да му помогне на нашиот тим да имаме одлично Светско првенство. Ви благодарам на сите за пораките со поддршка“, напиша Карим Бензема на социјалните мрежи.

Со изјава се јави и селекторот на Франција, Дидие Дешам.

„Екстремно сум тажен за Карим за кого ова Светско првенство беше голема цел. И покрај овој нов удар за француската репрезентација. Јас сум полн со верба во мојата група. Ќе направиме цел за да го исполниме големиот предизвик кој не чека“, изјави селекторот Дидие Дешам.

За време на подготовките Дешам остана и без Нкунку, а од претходно не можеше да смета на играчи како Канте и Погба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *