„Бели Гулаби“ огранизира хуманитарна забава по повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби

Македонска Каменица 01.12.2018 годдина – Хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ од Македонска Каменица, по повод 3-ти Декември – Меѓунарониот ден на лица со посебни потреби, огранизира забава со хуманитарен карактер.

Забавата ќе се одржи денес (01.12.2018 година), во Ресторан „Иднина“ со почеток од 18:00 часот. Влезницата изнесува 400 денари со вклучен дел од менито. За забавниот дел е задолжен „Актив Бенд“ од Македонска Каменица. Влезниците се со ограничен број и се продаваат во Бутик „Звезда“ или за резервација на место можете да се јавите на 071-737-465.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *