Без масни наслаги за рекордно време: Блиц тренинг за одлична форма!

Впуштете се во фитнес предизвик со овој специфичен тренинг и за краток временски период ќе изградите тело какво што отсекогаш сте посакувале.

Тренингот со висок интензитет 10-20-30 се покажал како исклучително делотворен, а како додатен плус е фактот што не ви се потребни никакви справи ниту друга фитнес опрема. Познатиот тренер Кортни Фирон направил комбинација од вежби со сопственото тело и спринт интервали и така креирал “убиствена” комбинација која на одличен начин го дефинира телото и ги елиминира вишокот масти.

Самиот тренинг се состои од пет вежби кои се прават во три рунди. Во првиот круг, вежбите содржат 10 повторувања, во вториот круг 20, а во третиот круг се прават 30 повторувања. За предизвикот да биде поголем, Фирон додал уште еден сегмент во вид на спринтеви од 20 метри кои се прават помеѓу вежбите.

“Овој кондиционен предизвик, иако се прави без тежини, претставува сериозен тест за секој вежбач. Комбинацијата на вежби е многу ефикасна бидејќи ги топи мастите во телото, ја гради мускулната маса и ги обликува стомачните мускули”, вели тренерот.

Брзиот тренинг не бара ниту посебно место за вежбање, затоа можете да го правите во теретана, во вашиот дом или пак на отворено.

Вежби :

Вежба 1 – 3 серии, 10, 20, 30 повторувања, без паузи

Вежба 2 – 3 серии, 10, 20, 30 повторувања, без паузи

Вежба 3 – 3 серии, 10, 20, 30 повторувања, без паузи

Вежба 4 – 3 серии, 10, 20, 30 повторувања, без паузи

Вежба 5 – 3 серии, 10, 20, 30 повторувања, пауза колку што ви е потребно


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *