Баерн М. води, но двајца фудбалери заработија повреди во првиот дел од мечот

 

Баерн Минхен има предност против Реал Мадрид во полуфиналето на ЛШ (1-0), но грижи на кај Јуп Хајнкес предизвикуваат повредите кои ги зафатија „баварците“ во првиот дел од мечот.

Двајца првотимци на германската „машина“ беа приморани да ја напуштат играта поради повреда на ложите. Уште во 8. минута се повреди Аријен Робен, а на негово место влезе Тиаго Алкантара, додека во 34. минута следеше слична повреда на Жером Боатенг, на чие место влезе Никлас Соле.

Останува да видиме каква ќе биде тежината на повредите на двајцата фудбалери и колку време ќе бидат надвор од терените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *