“Багери” подготвени за утрешниот “бараж” на САСА против ФК Превалец од Велес

Македонска Каменица, 03 Мај 2017

(kamenica.mk)

Каменичани веќе се организирани за утрешниот бараж натпревар за влез во Втора фудбалска лига на својот фудбалски клуб “Каменица – САСА”. Огромен број каменичани утре организирано ќе патуваат во сеседно Кочани, каде во 17:00ч. на стадионот “Никола Мантов” ќе се одигра најважниот натпревар на САСА во последните две децении. Подготвени се и “Багери” кои вечерва во 20ч. најавија и собирање во центарот на градот за да уште денес ја изразат својата поддршка и љубов кон САСА. Спремен е и нивниот навивачки “аксесоар” составен од огромен број навивачки транспаренти, сирени, “бакљи” и знамиња.

Сите во градот се надеваат на нова победа во Кочани, на враќање на сјајот на фудбалот во Каменица и на повторни возбудливи доживување проследени од трибините. САСА утре има шанса повторно му го врати фудбалскиот и спортски дух на својот град. Затоа потребно е утре сите да бидеме на трибини, да бодриме и навиваме, да бидеме дванаесети играч на теренот и дел од победата која ќе биде наша радост, радост на сите во Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *