Арсенал му понуди професионален договор на Дени Илиев

deni

Премиерлигашот Арсенал денеска го објави списокот на фудбалери кои си заминуваат од екипата, односно оние на кои им е понуден договор.

Меѓу имињата на помлади фудбалери кои добиле понуда за професионален договор од менаџментот и со дозвола на Унај Емери е и македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев.

Илиев долги години е дел од лондонскиот клуб, а последната сезона ја освои титулата со Арсенал во Премиер лигата за играчи до 23 години. Понуда за нов договор добил и Џек Вилшир и уште четири помлади фудбалери, додека официјално е завршена соработката со играчи како Санти Касорла и Пер Мертесакер.

Струмичанецот Илиев пристигна во Арсенал во 2012 година, а последниот договор го потпиша во 2015 година кога доби гаранција за тригодишна соработка која истекуваше летово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *