АПЕЛ: Доставата на хуманитарните пакети и донации да не се вршат без координација со Општинскиот Кризен штаб на Општина Македонска Каменица

Во денешното соопштение за јавност упатено од општина Македонска Каменица во кое се апелира до граѓаните за координација со мобилните тимови при доставата на хуманитарни пакети и донации се вели:

(текстот Ви го пренесуваме во целост)

Согласно мерките и препораките на Влада на Република Северна Македонија  и Координативниот штаб за заштита од зараза и спречување на ширење на Ковид 19, Општинскиот Кризен штаб во Македонска Каменица упатува апел до сите хуманитарни организации, фирми и граѓани поединци своите донации кон јавните установи и ранливи категории на граѓани да го вршат исклучиво во координација со Општинскиот Кризен штаб. Овој апел се упатува со цел да се спречи можноста за ширење на заразата и непотребно изложување на граѓаните на непотребен ризик од зараза со Ковид 19.

Телефонски броеви за контакт со мобилните тимови во општина Македонска Каменица 033 432 741; 071 377 841; 078 416 528

Само преку координираност на институциите и одговорност на граѓаните со придржување кон мерките и одредбите донесени за заштита и спречување на зараза можеме да ги надминеме опасностите од коронавирусот (Ковид 19).

Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни кон јавното здравје и да бидеме организирани во солидарноста, за сите заеднички да си помогнеме во овие тешки моменти.

Хуманоста не се кажува, хуманоста се покажува!

Ограничете го своето движење и излегувајте од дома само за значајни потреби. Со тоа се заштитувате себе и своите најблиски.

 

Со почит,

Општински Кризен штаб
Општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *