Ана Димитровска постигна 100 голови. ЖФК Каменица САСА и приреди изненадување

 

Македонска Каменица, 22.05.2021 година – Ана Димитровска постигна 100 голови во дресот на Женскиот фудбалски клуб Каменица САСА. Девојките од шампионскиот клуб од Македонска Каменица, во знак на благодарност и пожртвуваност за беспрекорноста во играта и приреди мало изненадување.

“Пред денешниот тренинг, мало изненадување за нашиот најдобар стрелец и втор капитен Ана Димитровска која веќе постигна 100 голови во официјални натпревари”, – стои во објавата на фејсбук профилот на ЖФК Каменица САСА

Ана Димитровска е прв стрелец во Првата женска фудбалска лига на Македонија 2020/21 со 51 гол. Исто така, го постигна и првиот историски гол за ЖФК Каменица САСА во Лига на Шампиони, како и 18 голови во куп натпревари.

Честитки Ане 🖤

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *