АМФЕНОЛ има зголемена потреба од работници. Каменичани преку „Отворен ден“ ќе се запознаат со условите за работа во компанијата

Поради зголемена потреба од работници, деловниот субјект Амфенол – Кочани организира „Отворен ден“ за граѓаните на општина Македонска Каменица.

Заинтересираните лица ќе можат во петок на 23 Ноември 2018 година, со почеток од 16:00 часот, во просториите на Дом на култура – Македонска Каменица одблиску да се запознаат со предностите, работните практики и начинот на функционирање на компанијата. Да добијат детални информации за условите, придобивките и поволностите кои компанијата ги нуди за своите вработени.

Промотор и организатор на инфо средбата е Агенцијата за вработување на Република Македонија и деловниот субјект Амфенол – Кочани. Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *