Американците тврдат: Најголемиот тим на сите времиња не е нашиот, туку „Дрим-тимот“ на СФРЈ

На два дена пред почетокот на Летните олимписки игри, американскиот магазин „Ролинг Стоун“ носи приказна за еден од најголемите тимови во историјата на кошарката – „Дрим тимот“, но не САД, туку оној југословенскиот на поранешната СФРЈ.

„Зошто најголемиот олимписки кошаркарски тим не беше Дрим тим“, е насловот на текстот од авторот Том Хоукинг, кој смета дека Дражен Петровиќ, Владе Дивац, Тони Кукоч и останатите се денешниот Голден стејт Вориорс, но од пред 25 години. Голден стејт го воодушевува светот со играта последните две години, а Хоукинг потенцира дека истото тоа бил тимот на СФРЈ од пред 25 години.

ЗАБОРАВЕТЕ НА ЏОРДАН, СПАРС И ЛЕБРОН, ЈУГОСЛАВИЈА Е ЗАСЛУЖНА ЗА ДЕНЕШНАТА КОШАРКА

„Американскиот Дрим тим на Игрите во 1992 година во Барселона ги разбиваше противниците, во просек со 43,8 поени разлика, но тоа не е најголемиот тим во историјата. Најмоќниот тим кој некогаш постоел во кошарката, е тимот кој се распадна непосредно пред тие Олимписки игри. Тоа е единствениот тим кој можеше да игра против Американците, но никогаш не заигра заедно кога сите тие играчи беа најподготвени.

Заборавете на Мајкл Џордан, на Спарси, на Леброн Џејмс и Голден стејт. Југославија е заслужна за модерната кошарка каква што се игра денес“ – пишува Хоукинг, наведувајќи ја притоа и големата разлика меѓу американската и европската кошарка.

yu

„Постојат темелни филозофски разлики меѓу американската и европската кошарка. На Европјаните секогаш приоритет им е тимската работа, а американската е индивидуализам и забава. Европската кошарка има силни темели, а американската се потпира само на физика и талент. Европската кошарка е самоконтрола, а американската е самоизразување.

Американскиот дрим-тим од 1992 година беше тим составен од најголемите ѕвезди кои било кога заедно заиграле на терен. Тоа беше тим составен од делов, а Југославија исто така, но и многу повеќе.

Југославија беше соврешен тим, воден од брлијантниот Петровиќ и неверојатниот Дивац кој ја промени улогата на центарот, со огромно влијание и во НБА лигата. Погледнете снимки од игрите на Југославија од Светското првенство 1990. Тоа е неверојатно, како да гледата снимки од денешните Вориорс. Југословените, дефинитивно, се тие кои го покажаа уште пред 25 години патот кон денешната модерна кошарка“ – пишува американскиот магазин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *