Алесио Фератов – малиот гениј од Тработивиште

Седумгодишниот Алесио Фератов е сосема обично и скромно момче од делчевското село Тработивиште , но под неговата кравка и повлечена надворешност се крие вистински гениј.

На четири години, сам научил да чита и пишува, а во моментов зборува македонски, англиски и гремански кој исто така го научил сам:

  • Имав четири години. Даваа филм на германски, а одоздола одеше превод на македонски и така научив да зборувам, кажа Алесио Фератов.

Роден во Швајцарија, Алесио со родителите доаѓа да живее во Тработивиште, место од каде потекнува неговото семејство. Уште од првиот ден во училишните клупи, станало јасно дека тој е исклучително надарен млад човек:

  • Алесио е прекрасно дете и одличен ученик. покажува интерес и знаење од сите предмети, рече Весна Димитровска, наставничка на Алесио.

Алесио ги знае сите математички операции до 1.000, сам може да преинсталира компјитер и прави најразлички експерименти по природни науки.

Поради ва, одлучено е тој да прескокне едно одделение и од второ да премине во трето:

  • Стручни тимови го следеа детето и одлучено е дека тој може да премине во едно одделение погоре. Едно полугодие одеше паралелно во второ и трето одделение, а сега е префрлен само во трето, рече Горде Ефтимова, педагог во ОУ „Св. Климент Охридски“ – с. Тработивиште.

Но и покрај ова, малиот Алесио е сосема обично момче кое ужива да се дружи со своите врсници:

  • Алесио ми помага кога нешто не знам, а после училиште заедно играме фудбал, кажа негов соученик.

Алесио сонува еден ден да стане познат научник. Патот дотаму си го трасира сам благодарение на својот исклучителен талент за учење и љубопитност.

Плановите се основното училиште да го заврши во Тработивиште, а понатаму ќе оди онаму каде што го носи патот. Можеби назад во Швајцарија каде останала да живее неговата сестра, можеби на некое друго место. Но едно е сигурно, ќе оди цврсто по патот на знаењето и науката, зашто таму го влече и умот , но и срцето.

Извор: Телевизија Стар

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *