Алармантна состојбата со загаденоста на водата во Брегалница

Алармантна состојбата со водата во Брегалница. Најстрашно е од Калиманци до Злетовица, покажуваат научните испитувања на терен.

Последните студии се превани пред неколку години, па научниците се плашат дека состојбата, реално може да биде и многу полоша:

  • Станува збор за контрола на квалитет извршен 2012/’13 година и тоа е научно истражувачка студија, но потребен е континуиран мониторинг за да се дадат поконкретни податоци, изјави Билјана Балабанова, универзитетски професор.

Досегашните анализи упатуваат на претпоставка дека големо влијание врз лошиот квалитет на водата имаат, отсуството на колекторски системи, но и прекумерната употреба на пестициди:

  • Сметаме дека се афектира и агрономската искористливост на земјиштето кое реално влијае на квалитетот на водата, истакна Балабанова.

Според проценките, Брегалница спаѓа во река со квалитет на вода кој е проценет на четири. Тоа значи дека водата не е добра ниту за капање, ниту за наводнување на нивите, а уште помалку за напојување на добитокот.

Токму и поради ова, алармантна е потребата од поставување на пречистителни станици долж речното течени. Досега вакви станици се изградени само во Карбинци и Кучичино, а голема пречистителна станица се гради и во Кочани.

By Телевизија Стар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *