АКО ВИ СЕ СМАЧИ ОД БИТКОИНОТ, ВИ ПРЕТСТАВУВАМЕ ДРУГИ ХИТ КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин
(Фото: Pixabay)

Биткоинот имаше одлична година, порасна за фантастични 1.300 проценти, но тоа не е најпрофитабилната дигитална валута.

Еве некои валути што се подобри од биткоинот и на кои треба да обрнете внимание во 2018 година:

Ripple

Најдобрата меѓу првите пет. Оваа валута скокна од 0,006523 на 2,29 долари, завршувајќи ја годината со неверојатен раст од 35.000 отсто. Со пазарен удел од речиси 100 милијарди долари, на добар пат е да стане втората најважна криптовалута во светот по биткоинот.

Ripple е една во низата криптовалути што се покренати од компанијата „Ripple“. За разлика од биткоинот, ripple-коинот не го копаат поединци, туку се емитира од оваа компанија. Така XRP е поцентрализиран од сите други криптовалути. Неговата предност е и во посебниот протокол за плаќање (Ripple Transaction Protocol – RTXP) кој овозможува брзи, безбедни и речиси бесплатни трансакции во целиот свет. Големиот интерес на банките за овој протокол неодамна ја подигна и цената на оваа криптовалута.

Раст во 2017 –$ 0,006523 до 2,29 (35.000 проценти)

Ethereum 

Покренат од руско-канадскиот ИТ-програмер Виталик Бутерин, етериумот е трета по големина криптовалута со пазарна капитализација која преминува 80 милијарди долари. На почетокот од минатата година чинеше само 8 долари, а порасна речиси 100 пати кон крајот на 2017 година.

Раст во 2017 – од 8 до 750 долари, зголемување од 9.500 проценти

Bitcoin cash

Оригиналниот биткоин се „подели“ на неколку слични „производи“. Откако во август се одвои од биткоинот, биткоин-кешот ја зголеми количината на блокчејнови. Оваа нова валута е побрза од главниот биткоин и може да се пофали со помали трошоци за провизија.

Меѓутоа, често се критикува поради тоа што е премногу централизиран. Повеќето трансакции се вршат од Јужна Кореја, а мнозинството токени се сопственост на само две лица.

Раст во 2017 – од 555 $ до 2.550 $, што е повеќе од 500 проценти

Cardano

Овој дигитален токен во суштина функционира како платформа за тргување. Неговата цел беше да стане „првиот блок проект кој се развива од научна филозофија“.

Меѓутоа, мистериозната криптовалута доживеа голем раст за три месеци откако беше лансирана на 1 октомври.

Litecoin

Беше покренат во 2011 година со цел да биде „сребро“ во однос на биткоин-златото. Го покрена Чарли Ли, поранешниот инженер на „Гугл“. Како  и биткоинот, и лајткоинот се создава со „рударење“. Оваа криптовалута е создадена како алтернатива на биткоинот. Некои експерти тврдат дека лајткоинот би требало да чини околу четвртина од биткоинот. Моментално е околу 2 процента од таа криптовалута.

Ли неодамна ги продаде своите токени.

Раст во 2017 – од 4,33 до 233 долари (5.500 проценти)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *