Автобус со македонски регистарски таблици целосно изгорел кај Јагодина (Србија)

Автобус со македонски регистарски таблички изгорел денеска на делот од автопатот кај Јагодина. Повредени во пожарот нема, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија.

Според српските медиуми, пожарникарите го изгаснале пожарот кој го оквалификувале како самозапалување, а сообраќајот на овој дел од автопатот е нормализиран.

Автобусот се запалил изутрината на правецот кон Ниш, кај надвозникот за селото Кончарево и целосно изгорел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *