Авионскиот билет до Милано ќе не чини само 10 евра

Дефинитивно времето кога да купиш авионски билет и да заминеш на одмор подалеку од регионот чинеше цело богатство е минато! Денес, може да се купи авионски билет кој ќе ве чини поефтино дури од автобускиот, благодарение на ефтините авиокомпании кои почнаа да го освојуваат пазарот.

Ryanair е една од нив. Всушност оваа компанија важи за најдобар и најефтин избор меѓу low cost авиопревозниците. Постојат повеќе причини за тоа:

–          Оваа компанија има најповолни цени кои почнуваат од 10 ЕВРА!

–          Имаат многу широка мрежа на дестинации – 362 линии и 22 држави.

Само треба да бидете претпазливи со багажот. Ryanair го наплаќа багажот по 40 евра, дури и храната, пијалоците…

Исто така, мора да знаете дека нивните авиони најчесто слетуваат на аеродроми кои се доста одалечени од градовите, па распрашајте се навреме за локацијата на вашата крајна дестинација, одалеченоста од аеродромот и како најбрзо и најефтино да стигнете до таму.

Ryanair сеуште нема летови од македонските аеродроми, но, сепак не е невозможно да ги користите нивните услуги и пак да поминете ефтино. Од аеродромот Константин Велики во Ниш од неодамна полетуваат и слетуваат авионите на Ryanair, што е добра вест за нас Македонците.

Нишкиот аеродром е на само 200 километри одалеченост од Скопје. Од таму, може да купите билети  од 10 евра па нагоре!  Најважното од се е да резервирате што е можно порано.. Колку порано резервирате толку е пониска цената… Сепак највисоката не достигнува повеќе од 60 евра за повратен билет!

Така ако на пример сакате да летате до Братислава на 29 мај..Вкупната цена ви е 28 евра за повратен билет, значи по 14 од правец…

 

Цената и за Милано на 16 мај е иста 28 евра вкупно…Значи околу 1700денари!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *