Џаред Лето со повик до Бојко Борисов

Џаред Лето со повик до бугарскиот премиер

Лос Анџелес, 19 декември 2017 (kamenica.mk) – Светски познатиот актер и музичар Џаред Лето на својот Твитер профил го повика бугарскиот премиер Бојко Борисов да го заштити Националниот парк Пирин.

– Бојко Борисов, Ве молам, заштитете го Националниот парк Пирин од прекумерната сеча заради профит и од скијачката инфраструктура. Спасете го Пирин. Нашето наследство е под закана. Преземете нешто веднаш!, напиша тој.

И Фондацијата на Леонардо Ди Каприо испрати слична порака за заувување на „со векови старите шуми“ во тој Национален парк во Бугарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *