Ќе се градат нови 33 згради: Кирија по 15 денари од квадрат!

 

Нови 33 згради за граѓани од социјалните категории ќе бидат изградени до 2020-та година.
Становите ќе бидат мали, со површина од 35 до 45 метри квадратни, а ќе се изградат во склоп на проектот финансиран со 50 милиони евра од Банката за развој при Советот на Европа и со уште толку средства од буџетот на државата.
– Во тек е усогласување на активностите со Министерствата за транспорт и врски и за труд и социјална политка. Цената за користење на становите е 15 денари по квадратен метар. Разговарано е со Минстерството за труд и социјална политика за цената, се надеваме дека ќе се најде решение тоа да се регулира на поедноставен начин, вели истакна директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за републиката – Кристијан Трајковски.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој вчера го посети акционерското друштво и со Трајковски, разговараше на тема социјални станови, категорично тврди дека нивната распределба ќе биде транспарентна.
За зградите кои се изградени во изминатиот период, односно зградите во Кочани со 43 и Македонски брод со 10 станови јавен повик ќе има до крајот на 2017-та или почетокот на следната година.
Во моментов се градат станови во Струмица и Гостивар, кои треба да бидат готови до крајот на наредната година.
За Скопје, Виница, Пробиштип и Свети Николе се предвидени да се градат 467 станови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *