Љубе Бошковски поради компликации со коронавирусот префрлен на Инфективна

Претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, синоќа бил примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со ковид-19, објавија дел од медиумите.

Редакцијата на „Слободен печат“ се обиде да добие информација од Инфективната клиника, но засега нема потврда.

Детални информации за неговото здравје, исто така нема, но според медиумите ситуацијата се искомплицирала.

Бошкоски е позитивен на Ковид-19 од минатата недела, а за тоа самиот извести. Наводно правел тест за проверка затоа што сакал да патува во Хрватска, но се покажало дека е заболен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *