Јубилејна 30. Меѓународна средба „Балкан без граници“ на врвот Руен (2252)

Македонска Каменица, 28. Јуни 2019 година – Руен по триесети пат ќе ги собере љубителите на планината од Македонија и Бугарија на традиционалната Меѓународна средба „Балканот без граници“.

Оваа средба, во организација на Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица, „Руен“ од Крива Паланка и туристичкото друштво „Осогово“ од Ќустендил ќе се одржи по триесети пат. Ние, како Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица веќе 12 години по ред сме дел од настанот,– изјави Миран Митревски од ЕД „Здравец 2002“.

Врвот Руен како највисок врв во Источна Македонија, дел од Осоговските Планини со своите 2252 метри, во недела на 30. Јуни 2019 година, ќе место на обединување на околу 2000 планинари кои организирано ќе пристигнат на врвот од три страни. Првата група, од Македонска Каменица ќе помине 34 км, другата доаѓа од  Крива Паланка, а третата тргнува од Ќустендил, Република Бугарија. Пристигнувањето на врвот Руен е планирано во 11 часот кога и започнува средбата.

Ги покануваме сите планинари да се приклучат на маршот. За учесниците имаме обезбедено вода и храна, Како и секоја година традционалната средба „Балкан без граници“ на врвот Руен (2252) е поддржана од општина Македонска Каменица Рудник Саса – Македонска Каменица, – кажа Митревски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *