ЈП “Камена Река” упатува повик до граѓаните на Македонска Каменица да се приклучат кон еко-акцијата “Пролетно чистење”

 

Македонска Каменица, 28.03.2019 година – Во текот на претстојниот викенд (сабота 30.03.2019г.) со почеток од 09:00 часот, од страна на општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река се организира голема еколошка акција за читење на сметот од повеќе јавни површини, насловена како „Пролетно чистење“.

Еколошката акција е организирана во рамки на Програмата за заштита на животната средина на општина Македонска Каменица. Истата ќе биде изведена во соработка со ЈП Камена Река како породолжение на веќе започаната кампања на претпријатието, наречена “Пролетно чистење”.

Кон еколошката акција, повикани да учествуваат се сите заинтересирани граѓани од најразлична возраст, граѓанскиот сектор,  Еко-здруженијата, сите спортисти, потоа претставници на општинската администрација и локалните институции, наставници, професори и ученици, како и пензионерите од градот.

Согласно предвидениот план на активности во склоп на еколошката акција „Пролетно чистење на градот“ ќе бидат опфатени неколку локации во Општината. Односно, ќе се чисти излезот од Македонска Каменица излезот кон Делчево, Каменички рид и м.в „Репетитор“.

Збирни места на заинтересирани граѓани и организации за учество во Еко-акцијата „Пролетно чистење“ ќе бидат пред влезот од ЈП „Камена Река“ и ТППЕ во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *