ЈП Камена Река спроведе еко акција за чистење на просторот околу регионалниот пат кон село Саса

Македонска Каменица, 12.02.2020 година – ЈП Камена Река продолжува со спроведување на еко акциите за чистење на јавните површини во општина Македонска Каменица. Овој пат вработените во претпријатието го чистеа просторот околу регионалниот пат од Македонска Каменица кон село Саса.
Станува збор за акција преку која вработените во ЈП Камена Река покажуваат одговорност кон зачувување на чистата околина и борба против загадувањето на истата.
Како претпријатие задолжено за јавната чистота и комунална хигиена во општина Македонска Каменица, во зависност од временските услови, најаваат спроведување на повеќе редовни еко акции на повеќе локации во Општината, во кои покрај крупната механизација, редовно ќе бидат вклучени и сите вработени во организацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *