ЈП Камена Река со известување до граѓаните за променет режим на изнесување на отпад и смет

Македонска Каменица, 26.08.2020 година – Во целост ви го пренесуваме Известувањето кое ЈП Камена Река го упати до граѓаните на општина Македонска Каменица, за променет режим на работа поради претстојниот троен празник во градот и неработен ден:

И З В Е С Т У В А Њ Е

Поради претстојниот празник и Ден на општина, Ден на рударите и големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“, ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека на 28.08.2020 година, петок, претпријатието нема да работи. За таа цел, редовното изнесување на смет од единечните корпи за отпадоци од индивидуалните и колективните станбени објекти ќе биде извршено на 27.08.2020 година во четврток.

Со почит,
ЈП Камена Река
Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *