ЈП КАМЕНА РЕКА ПРОИЗВЕДУВА ОРГАНСКО ЃУБРИВО ВО КОЛИЧИНИ КОИ ГИ ЗАДОВОЛУВААТ ГОДИШНИТЕ ПОТРЕБИ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

ЈП КАМЕНА РЕКА ПРОИЗВЕДУВА ОРГАНСКО ЃУБРИВО ВО КОЛИЧИНИ КОИ ГИ ЗАДОВОЛУВААТ ГОДИШНИТЕ ПОТРЕБИ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Македонска Каменица, 26.11.2019 година – Од ЈП Камена Река изјавуваат дека продолжува акцијата за активно собирање на листопадните лисја од јавните повшини. Покрај подобрената чистота во градот, ЈП Камена Река во соработка со општина Македонска Каменица дополнително  обезбедува производство на доволни количини од органско ѓубриво за сопствени потреби“.

„За таа цел, наместо на градската депонија, околу 180 метри кубни суров материјал ќе бидат складирани и комостирани во специјално прилагодени простори. Компостот првенствено ќе биде употребуван во цветниот расадник на Јавното претпријатие, каде годишно се произведуваат над 20.000 разновидни декоративни и украсни цвеќиња со кои дополнително се разубавуваат јавните површини во Македонска Каменица, – дополни директорот на ЈП Камена Река, Влатко Андоновски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *