ЈП „Камена Река” и годинава ќе организира НАГРАДНА ИГРА за домаќинствата кои редовно плаќаат комунални такси

Ј.П ,,Камена Река” ги известува граѓаните на општина Македонска Каменица дека и годинава организира НАГРАДНА ИГРА за сите свои корисници кои редовно си ја плаќаат комуналната такса. Во наградната игра ќе учествуваат сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со месец Декември 2018 година и тоа најдоцна до 31.01.2019 година.

Од фондот на награди подготвен за редовните плаќачи, како главни награди од ЈП Камена Река ги издвојуваат:
Прва награда……………..ТЕЛЕВИЗОР
Втора награда…………… ШЕСТМЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА
Трета награда…………… МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ТОСТЕР

Доделувањето на наградите ќе се изврши на 21.02.2019 година во кругот на Ј.П ,,Камена Река” со почеток од 12:00 часот со влечење на ливче со шифра. Шифрите ќе бидат исти со шифрите кои ги има секој корисник на својата комунална сметка. За најсреќните корисници чија што шифра ќе биде извлечена следува добивка. Затоа ги покануваме сите корисници со подмирени сметки, заклучно со месец Декември 2018, да повелат и лично да присуствуваат на извлекувањето и заеднички да ја споделиме среќата со среќните добитници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *