ЈП КАМЕНА РЕКА: ВОДАТА ОД ГРАДСКИОТ ВОДОВОД МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ И ЗА ПИЕЊЕ

11. Август 2017г (kamenica.mk)

Почитувани сограѓани

Според испитувањaта кои ги изврши Центарот за јавно здравје Кочани, испитаните примероци на водата за пиење ОДГОВАРАAT на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка и физичко-хемиска анализа. Што значи дека водата од градскиот водовод во Македонска Каменица може да се користи за пиење. Во моментот снабдувањето со вода за пиење е од постоечките зафати од река Горештица и Моштичка река.
Јавното претпријатие „Камена Река“ уште еднаш упатува апел за рационално користење на водените ресурси со што сите заеднички ќе придонесеме за надминување и решавање на проблемот.

Ви благодариме на разбирањето!
Со почит,
ЈП „Камена Река“

Leave a Reply

Your email address will not be published.