ЈП “КАМЕНА РЕКА”: ВОДАТА ОД ГРАДСКАТА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА Е ИСПРАВНА ЗА ПИЕЊЕ

 

03.XII.2017 kamenica.mk

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Се известуваат сите корисници на водоводната линија од Македонска Каменица дека вработените во ЈП ,,Камена Река” во изминатите денови активно работеа на хлорирање на водата, прочистување на зафатите за вода и регулирање на зголеменото ниво на Каменичка река. Со сите овие активности состојбата на водата од градскиот водовод во Македонска Каменица е стабилизирана и слободно може ДА се користи за пиење.

Ви благодариме на разбирањето!
Со почит и извинување,
ЈП „Камена Река“

Leave a Reply

Your email address will not be published.