ЈОУДГ „БАМБИ“ ИНВЕСТИРА ВО ДОУСОВРШУВАЊЕ И ОБУКА НА ВОСПИТНО-НЕГОВАТЕЛСКИОТ ТИМ

ЈОУДГ „Бамби“ од Македонска Каменица продолжува со доусовршување и обучување на воспитно-негователскиот кадар. Изминатиот викенд, вработени негователи, воспитувачи и стручен работник – логопед при детската градинка „Бамби“ посетија обука од „Монтесори методот и други практични техники – помош во работата со деца од 2 до 6 годишна возраст и деца со посебни потреби во заминимална“.


„Материјалот никогаш не е дел сам по себе. Тој ја има исполнето својата задача во моментот кога детето ќе се оддели од него и ќе може стекнатото знаење да го спроведе во околниот свет. Така материјалот ќе стане клуч кон светот“ – Марија Монтесори, италијанска докторка, образован работник, педагог и филозоф


Целодневната обука беше одржана од страна на дипломиран дефектолог и педагог од Монтесори центарот во Скопје. Станува збор за сертифицирани едукатори и мултипликатори со четиригодишна едукација во Баварското Монтесори Здружение: Билјана Стерјадовска Стојчевска, дипломиран педагог и претседател на Македонското Монтесори Зружение и Даниела Саздова, дипломиран дефектолог и Монтесори педагог, едуциран од страна на Баварското Монтесори Здружение.

Во зависност од распоредот и можноста да се обезбеди слободен термин во текот на следниот месец, предвидена е обука на преостанатиот дел од воспитно-негователскиот тим, со што ќе се заокружи целиот процес на стекнување на нови знаења за подготовка за самостојна работа и поттикнување на креативниот потенцијал на педагозите во секојдневниот пристап кон децата во установата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *