Јордан Цветановски: Целта на Баскет Кам во новата сезона е тројната круна

Актуелениот освојувач на Купот на Македонија во женска кошарка, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица ги започна подготовките за новата сезона.

Претседателот на клубот Јордан Цветановски е оптимист во пресрет на новата сезона и верува дека Баскет Кам е подготвени да ги оствари своите високи цели.

„Оваа година сите наши кошаркарки кои се репрезентативки како во младинска така и во сениорска конкуренција, а кои играа претходната сезона остануваат во нашите редови. Со исклучок на Ива Чолаковска која замина во САД на колеџ. Тимот се засили со три македонски репрезентативки и напорно работи во подготвителниот период.

Оваа сезона клубот ќе вложи многу во услови и тренажен процес за младите играчи да напредуваат и да имаат простор за докажување. Претходното лето имавме 8 младински репрезентативки и се надеваме овој тренд ќе продолжи секое лето.

Целта на клубот секоја година е да се освојуваат трофеи. Оваа година се надеваме дека ќе ги обединиме сите три титули, Супер Купот, првенството и Купот. За оваа цел клубот е спремен да донесе одлични странски играчи во периодот кој претстои.

Во рамки на подготовките со цел што подобро да се подготвиме ќе одиграме и низа силни меѓународни пријателски средби.

Паралелно фокус ќе остане и работата со младите категории каде сезонава ќе играме во четири конкуренции – М12, М14, М16 и М18 каде целта е да избориме пласман на завршните Ф4 турнири“, заклучува на крај од разговорот Цветановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *