Јована Лазарова и Марија Јаневска преминаа во сениорскиот тим на ЖФК Каменица САСА

Македонска Каменица, 25.03.2021 година – Одлична вест за спортската јавност и љубителите на фудбалот ни пристигнува од Женскиот фудбалски клуб од Македонска Каменица, екипата на Каменица САСА. Имено, две досегашни фудбалерки од клубските младински категории преминуваат во сениорскиот тим на двократниот македонски шампион.

Стратегот на Шампионскиот тим, Зоран Златковски изјави дека, “Станува збор за 15-годишната Јована Лазарова и една година повозрасната Марија Јаневска. Исклучително талентирани играчи, каде Лазарова е играч од средниот ред и како досегашен капитен на младинскиот состав на ЖФК Каменица САСА пружи одлична игра во натпреварите за младинскиот состав”. Додека за Марија Јаневска, стратегот Златковски кажа дека е “одличен млад голман, кој во сениорскиот тим ќе продилжи да напредува и со добиената потребна минутажа ќе го стекне потребното искуството за редовни настапи во Првата македонска фудбалска лига”.

Настапите на Јаневска и Лазарова за Каменица САСА се обврзани со склучени Договори, преку кои во иднина младите каменичанки ќе ги бранат клубските бои, за што ќе добиваат соодветен паричен надомест согласно договореното.

“Како тренер, кој го прати нивниот постојан напредок во играта и развој како играчи, можам да кажам дека ” се во одлична форма, влегуваат подготвени и се надевам дека добро ќе се вклопат во сениорскиот тим, каде ќе продолжат со добрите настапи. Тос е нешто што на тимот му е повеќе од потребно во борбата за првото место и враќањето на лидерската позиција на клубот”, – дополни Златковски

 

Ова е уште еден одличен пример, кога со посветена работа и кинтинуиран влог во младинските категории се постигнуваат огромни успеси и се остваруваат зсцртаните клубски цели. Тоа кажува дека развојот на клубот мора дс биде заснован на сопствената фудбалска школа и потенцијалот на играчите кои клубот ги продуцира од неа.

Каменица САСА утре со почеток од 14:00 часот, го игра 20. Коло против екипата на Деспина од Прилеп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *