Јавен повик за работна средба за утврдување на состојбите и подобрување на условите за работа во ФК Каменица Саса

 

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски објави Јавен повик за сите заинтересирани спортски работници и организации, спортисти, љубители на спортот, навивачки групи и граѓани од Општина Македонска Каменица за одржување на работна средба за согледување на состојбите и изнаоѓање на начини и можности за подобро функционирање на Фудбалскиот клуб „Каменица Саса“.

Работната средба ќе се одржи на 17-ти јуни 2023 година, со почеток од 10 часот во Дом на култура – Македонска Каменица

 

 

Целиот Јавен повик од градоначалникот Атанасовски го објавуваме во целост:

Почитувани,
Во мое име и во име на Општина Македонска Каменица, Ве повикувам на работна средба за согледување и утврдување на моменталните состојби во ФК Каменица Саса, како и изнаоѓање на начини за создавање на услови за повисоко ниво на функционирање во клубот.
Се надевам дека, во рамки на работната средба, во конструктивен разговор ќе можеме да изнесеме повеќе идеи и мислења, како би ги утврдиле идните насоки на делување кон стабилизирање и излез од состојбата во која се наоѓа Фудбалскиот клуб Каменица Саса.
Ве уверувам дека, само заедно можеме да креираме стабилен развој на ФК Каменица Саса и здружено да работиме за враќање на квалитетниот и респектабилен фудбал во градот. Исто така, должни сме да обезбедиме стабилност во работата на сите наши спортски клубови и услови за постигнување на високи разултати кај сите спортисти од Македонска Каменица.
Работната средба ќе се одржи на 17-ти јуни 2023 година, со почеток од 10 часот.
Дом на култура – Македонска Каменица.
Со почит,
Градоначалник на Општина Македонска Каменица
Димчо Атанасовски
Линк до објавата од градоначалникот на Општина Македонска Каменица ОВДЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.