ШТРАЈК НА 80 ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЧКИ ВО ШТИП

80 текстилни работници од Штип денес ги сопреа машините и наместо на работа излегоа на протест. Лути се на газдата зашто од него не добиле ни пари ни почит:

  • Немаме здравствено, пензиско, немаме плата, како што ги гледате луѓето, така сите работат, ладно е, мраз, изјави текстилен работник.

Фабриката е сопственост на инвеститор од Турција, а во Штип  работи одвај една и пол година, а се занимава со шиење на т.н. тешка конфекција, но тешко им било и на работниците:

  • Јас сум болна, немам осигурување, не можам да си ги земам лековите, изјави работничка.

Работниците се категорични дека заработеното, мора да им биде и исплатено:

Со нашиот труд, со нашата работа, да бидеме зафркнати, пцуени, изјави работничка.

Во фабриката работат околу 80 работници, од кои најголем дел се единствените ваботени во семејствата:

  • Ситуацијата е катастрофа, нашата ситуација е страшна, изјави работничка.

Случајот е пријавен и во трудовата инспекција. Оттаму информираат дека веќе разговарале со менаџерите во фабриката  и добиле гаранции дека до утре ќе им се исплати платата и придонесите за септември.

Октомври бил целосно подмирен, а за останатите долгови кои ги посочија работниците, сé уште не е истечен законскиот рок за плаќање и тие ќе биле подмирени навремено.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *