Што се случува кога блокирате нечиј телефонски број?

Откако ќе блокирате нечиј број, таа личност повеќе нема да може да заѕвони на вашиот број. Ако се обиде да ве побара, вашиот мобилен телефон нема да ѕвони. Ако ви испрати смс порака, нема да ја добиете- ниту пак ќе биде некаде сочувана.

Сè додека бројот е блокиран, нема да знаете дали личноста сака да ве побара или да ви испрати порака.

Важно е да го знаете ова затоа што тие повици или пораки нема да бидат сочувани никаде, така што нема да може да ги видите на никаков начин.

Кога ќе ја тргнете забраната, вашиот телефон ќе почне да ви дава известувања за повиците.

Но, вие ќе можете да го повикувате блокираниот број, како и да праќате пораки, затоа што блокирањето е во еден правец.

Секако, ако личноста чијшто број го блокирате го блокира и вашиот, тогаш нема да можете да праќате пораки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *