Што кажа Меси за случувањата во Барса и дали планира заминување?

Меси: Чудни работи се случуваат во Барса, не ми паѓа на памет да си одам

Лионел Меси во интервју за „Мундо Депортиво“ ги отфрли сите шпекулации дека е решен да ја напушти Барселона по сите оние турбулентни денови. Тој го даде првото интервју по јавната кавга со спортскиот директор, Ерик Абидал.

„Не знам што се случи со тој човек, но морам да му одговорам оти се чувствувам нападнат. Не само јас, туку цел тим. Се зборува за носење на нови играчи, менуваат тренери, да сум моќен…Секако дека тоа ми е проблем кога така размислува директорот. Навистина е лудо да кажеш дека играчите го смениа тренерот. Абидал е директор и тој мора да ја превземе одговорност, не можев да дозволам да не напаѓа.

Не ми паѓа на памет да ја напуштам Барселона. Ако клубот ме сака, секако дека ќе останам. Сакам одново да ја освоиме Лигата на шампиони и да продлжиме да освојуваме трофеи во првенството“, изјави Меси.

Новата скандалозна приказна која доаѓа од Барселона е дека претседателот Бартомеу изнајмил ПР агенција која е задолжена да пишува лоши работи за Меси, Пике, Гвардиола..и многу други луѓе.

Првиот човек ги демнатираше овие обвиненија, а потоа одржа состанок со играчите за да ги убеди дека сето тоа е лага.

„Бев помалку изненаден. Претседателот ни рече дека не го направил тоа. Навистина се случуваат чудни работи во клубот, ни ветија дека ќе набават докази. Ќе почекаме и ќе видиме дали е вистина или не. Не можам да коментирам за тоа, секако е чудна тема“.

Аргентинецот зборуваше и за казната на Манчестер Сити, кој има забрана за настап во сите европските натреварувања во следните две сезони.

„Изненаден сум, никој не очекуваше дека ќе добијат таква казна. Знам дека ПСЖ плати за слично нешто, но не знам што се случувало. Ќе биде чудно ако со вакви играчи овој тим да не игра во ЛШ. Навјеројатно дел од нив ќе си заминат, Лигата на шампионите е многу атрактива и лошо е кога не играте таму“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *