Штипјанец се обидел да ограби обложувалница во Кочани, полицијата го фатила

Крадци влегле во спортска обложувалница во Кочани, физички го нападнале вработениот, но откако не успеале да ги земат парите, побегнале.Полицијата успеала да фати еден од разбојниците.

На 01.09.2019 во 09.10 часот во Полициската станица Кочани,осумнаесет годишниот  М.А. од Кочани пријавил дека,  додека бил на работа во спортска обложувалница во Кочани, две лица влегле во обложувалницата и физички го нападнале и се обиделе да одземат пари, но откако не успеале побегнале.

По преземени мерки, а во врска со настанот, во 20.40 часот од слобода бил лишен триесет и осумгодишниот З.В. од Штип. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена кривична пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *