Штипјанец држел во заложништво мајка со две деца

Дваесет и шест годишен штипјанец со иницијали А.М. 10 дена во заложништво ја држел 24-годишната Е.М заедно со нејзините две малолетни деца.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова информира дека А.М. во периодот од 11 до 22 април ги држел противправно во стан, а потоа и во куќа во Штип, каде што во повеќе наврати ја силувал, тепал, а при интервенција на полицијата и физички нападнал полицаец.

Против А.М. е поднесена кривична пријава по четири основи, за извршени кривични дела и тоа  „противправно лишување од слобода“, „силување“,„напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и ,,загрозување на сигурноста“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *