Шофер на камион со 3 промили алкохол, за кој се шпекулира дека е од Штип, уапсен на бугарската граница !

Мртов пијан Македонец седнал зад волан на огромен камион и тргнал за Бугарија. Уапсен е на граничниот премин Златарево со 3 промили алкохол во крвта. Одведен е во полиција каде покажал голема арогантност, но бугарската полиција го задржала во текот на ноќта за да не направи поголеми проблеми возејќи го камионот. Се шпекулира дека камионот е со штипски регистерски таблици, но засега нема потврда за тоа.

Според порталите, ова не е прв пат да се приведуваат пијани шофери од соседни земји. Бугарија освен со Македонија има искуство и со грчки пијани возачи. По трезнењето на Македонецот, тој ќе биде пуштен од затвор и испратен на граница од каде ќе му се забрани да патува пак во Бугарија извесно време.

извор: http://www.televizijastar.com/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *