Шест нови случаи на ХИВ позитив во источна Македонија

Шест нови случаи на заразени со ХИВ вирусот на Истокот. Годинава по еден нов случај се регистрирани во Виница и Свети Николе, додека најмногу, четири нови случаи, годинава има во Штип. Три од нив се дијагностицирани во штипскиот Центар за јавно здравје.

  • Имаме три новоинфицирани со ХИВ вирусот, повторно се мажи. Во возрасна група се од 20 до 40 години, преку начин на пренос маж секс со маж. Во нашата земја најголем дел од заболените се мажи при секс маж со маж, па поради тоа сите програми од сега па натаму ќе бидат насочени, а тоа е програмата за заштита на населението од ХИВ и СИДА, кон оваа популација, со цел да се намали бројот и да се редуцира инфекцијата, вели д-р Светлана Живкова, ЈЗУ Центар за јавно здравје.

За да се редуцира и спречи бројот на новозаразени со ХИВ, како и бројот на забоелни од СИДА, особено важна е достапноста на услови за тестирање.

  • Секогаш треба да постои достапност на квалитетни и ефикасни здравствени услуги и сервиси, а тоа значи дека секој оној кој што смета дека е изложен на ризикот од добивање на ХИВ инфекцијата, да има каде да дојде да се тестира. Да се дијагностицира таа инфекција, веднаш да се постави терапија, која се означува како антиретровирусна терапија, за да може да биде третиран соодветно и да не заболи од болеста СИДА, вели д-р Светлана Живкова, ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Светскиот ден посветен на борбата против сидата денеска ги собра учениците од деветтите одделенија во ООУ„ Ванчо Прке“ од Делчево на едукативна работилница на тема „Колку знам за хив сидата“ :

  • Целта е учениците да прават разлика меѓу ХИВ и СИДА, да добијат основни познавања, изјави Александра Гошевска, психолог.
  • Учениците сакаат преку оваа разботилница да осознаат за болеста, рече Маријана Стоименовска, помошен директор во ООУ „Ванчо Прке“.

Учениците освен презентација добија и работни листови каде ќе треба да напишат што знаат за оваа болест.

Статистиката за болеста во Македонија потврдува дека таа е наша реалноста. Во Македонија годинава се регистрирани 39 нови случаи на ХИВ позитивни. 4-ца од нив се заболени од СИДА, а 35 се носители на ХИВ вирусот. Сите 39 се мажи. 31 ХИВ вирусот го добиле преку хомосексуални односи на двајца мажи. Во светот досега од СИДА починале над 35 милиони луѓе, а фармацијата, барем официјално, не познава лек за оваа современа болест.

извор:  Телевизија Стар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *