Шведски изум со кој секој дом ќе троши нула енергија

Нов шведски енергетски концепт може секоја зграда да ја претвори во нето нула енергетска структура. Концептот е на компанијата Innenco од Малме и ја користи темралната маса на зградата за драстично да се намали потрошувачката на енергија за 85%. Со нивните активни елементи, системи, пумпи за греење, за ладење и соларни панели, Innenco може секоја зграда да ја претвори во зграда која не троши енергија.

Innenco е кратенка за иновативен енергетски концепт и нивната визија е да креираат можности за изградба на структури кои нема да трошат енергија во целиот свет. Нивната технологија го менува начинот на којшто функционираат зградите за поголема енергетска ефикасност. Се почнува со нивните системи од активни елементи. Во конструкцијата на зградата се интегрираат цевки за да се искористи термалната маса на зградата. Се додаваат и пумпи за греење и ладење со кои Innenco постигнува 4 до 6 пати поголема ефикасност при ладење и греење. На тој начин тие можат да ја намалат потрошувачката на енергија на зградите за 85%, па за да ги намалат и тие преостанати 15% додаваат соларни панели. Зградите кои имаат иснталирано систем на Innenco имаат природна внатрешна температура од околу 23 степени Целзиусови.

Innenco веќе го имаат тестирано нивниот концепт во реални услови. Нивните системи се иснталирани во домови, канцеларии, училишта и индустриски градби. Од компанијата велат дека кај индустриските градби се зсбележува најдобро искористување на термалната маса, па затоа веруваат дека оваа технологија уште подобор ќе функционира кај облакодери. Досега имаат работено во Шведска, Чешка, Шпанија и во Холандија, а допрва ќе работат на проекти во Турција и во Обединетите Арапски Емирати.

Leave a Reply

Your email address will not be published.