Четворица тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Три Чешми

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва кај Три Чешми на влезот во Штип. За среќа нема жртви. Според првичните сознанија на ТВ Стар, станува збор за судир на две возила, едното од Штип а другото од Струмица.

Повредени се потешко четири лица, но сепак истите се во свесна состојба и итно се префрлени во клиничката болница во Штип. На лице место се претставници на СВР-Штип кои работат на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *