Четворица Македонци тешко повредени во сообраќајка кај Банско, Бугарија

Четворица Македонци се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска на патот Добриниште – Банско, во Бугарија. Автомобилот во кој се возеле македонските државјани излетал од патот и се превртел неколку пати.

Повредените патници, до најблиската болница во Разлог биле пренесени со две амбулантни возила. Во нивното извлекување учествувале и припадниците на противпожарната единица, кои поради сериозните оштетувања, морале да го сечат возилото.

Повредените се надор од животна опасност. Тројцата 48 годишни мажи се здобиле со повреди на градите и екстремитетите, а најтешко поминала 41 годишната жена, која завршила со фрактура на рбетниот пршлен.

Од полицијата информираат дека сеуште се врши истрага за причините за сообраќајната несреќа, а како што пишуваат бугарските медиуми поради сомневање за употреба на алкохол, од возачот била земена крв.

Leave a Reply

Your email address will not be published.