Честитка од градоначалничката Соња Стаменкова по повод големиот христијански празник Велигден

Македонска Каменица, 28.04.2019 година – Градоначалничката Соња Стаменкова, по повод празнувањето на најголемиот христијански празник – Велгиден, упати честитка до сите православни христијани во општина Македонска Каменица

Почитувани,
Ми претставува особена чест и задоволство до сите граѓани на општина Македонска Каменица од христијанска вероисповед, да упатам срдечни честитки по повод празникот Христово воскресение – Велигден.
Ви посакувам најголемиот христијански празник – Велигден да го поминете во среќа и благосостојба, опкружени од своите најблиски и исполнети со верба и безмерна радост. Христовата жртва за човештвото нека биде патоказ за добродетелство, меѓусебно помагање и споделување со сите наши сограѓани без разлика на етничката и верска припадност.
Велигден е празник на победата на правдата над насилството. Празник на вечната верба и надеж. Нека е честит празникот и за многу години, 
– се вели во честитката на градоначалничката Соња Стаменкова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *