ЦУК и “Македонија пат” препорачуваат внимателно возење заради зголемен број одрони на повеќе патни правци

Неколку патни правци во Македонија се блокирани по обилните врнежи од дожд, информира Центарот за управување со кризи.

„Македонија пат“ информираат дека нивна екипа во моментов работи на отстранување на мал одрон од камења на патот кон Граничен премин Блаце.

Сообраќајот на патниот правец Р1304 Виница – Берово кај месноста викана Рибарник, поради одрон се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, информира Центарот за управување со кризи.
Посебна внимателност се препорачува за учесниците во сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица- Делчево бидејќи покрај познатите постоечки минатогодишни одрони на патот, честа е појавата и на помали нови одрони на повеќе критични места.

И локалниот пат село Железнец – село Мало Илино во Демир Хисар не е прооден поради обилни врнежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *