Црковно-народен собир на „Еленец“ за празникот Покров на Пресвета Богородица

На 14-ти октомври, на големиот христијански празник „Покров на Пресвета Богородица, на преубавиот манастирско-туристички комплекс „Еленец“ ќе се оддржи голем црковно-народен собир.  Еленец е подготвен да ги прими стотиците верници кои традиционално доаѓаат за големиот празник. Годинава, Здружението на граѓани „ЕЛЕНЕЦ-ЦЕРА“,  поддржано од локалната самоуправа и неколку други локални фирми и институции, ќе обезбеди бесплатен ручек за сите посетители.

Манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ и манастирскиот комплекс, од година во година, се се популарни и привлекуваат огромен број гости. Само во текот на 2016 година, за време на викенди и за манифестациите кои веќе се оддржаа („Бабина Баница“ и „Ден на дијаспора“), Еленец го посетиле повеќе од 25 000 посетители. Бескрајните зелени пејсажи, чистиот планински воздух и бистрата вода се дополнителна причина за огромната посетеност.
12310533_1497719597197807_5840929464631781665_n

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *