Црковниот одбор со свештенството при манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ – Еленец во село Цера, Македонска Каменица донесе одлука за угостителите и останатите трговци да наплатува членарина за користење на црковно земјиште, струја и вода, во зависност од нивниот обем.
Наплатата ќе ја вршат на лице место пред поставување на теренот. За сите што нема да се придржуваат кон одлуката ќе следуваат санкции, – се вели во соопштението од Црковниот одбор и свештенството при манастирот Покров на Пресвета Богородица во село Цера.